Дали луѓето од Балканот ги знаат турските зборови во нивните песни?

Дали зборуваш турски? – Ма јок!

Јазикот не може да се чува под стаклено ѕвоно и е променлив. Јазиците примаат од другите јазици, особено ако се во близок котакт.  Долгото присуство на Османлиската империја во регионот ја продлабочило интеракцијата на културно поле, создавајќи многу заеднички животни навики.

Османлиската култура извршила големо влијание на музиката на Балканот, особено преку јазикот. Турскиот јазик има видливо влијание во Балканот па и натаму во говорот многу често се користат зборови на турски.

Професорот Абдула Акат од Државниот конзерваториум на Универзитетот во Истанбул со фокус на балканската музика, смета дека долгото присуство на Османлиската империја во регионот ја продлабочило интеракцијата на културно поле, создавајќи заеднички животни навики и ова низ времето се одразило и во музичките традиции, пишува ТРТ Балкан.

Како што вели професорот Акат, ова е резултат на директниот контакт на луѓето од Балканот со Османлиската империја. Низ годините, турскиот јазик ги продлабочил корените во секојдневието на Балканот како што јазикот се користел во општествениот живот и владините институции. Со секојдневната употреба, зборовите и терминологијата се префрлиле во речиси сите јазици на Балканот.

Проф. Др. Људмил Спасов, кој на македонската јавност и е познат како плоден автор од областа на науката за јазикот во прилог за Сител Телевизија вели:

-Ако споменам „боја“ многу малку ќе знаат дека тоа е турски збор. Еве кажете ми некој словенски збор за боја и нема да ви текне.  Другите словенски народи немаа свој сопствен назив за боја, туку обично земаат некој друг назив, дали „колор“ или некој друг, со оној народ со кој што живеат. Да речеме полјаците со германците или евреите и така натаму..  или ако одиме по старословенската традиција ќе најдеме за „боја“ збор „цвет“, што кај нас е невообичаено. Меѓутоа бугарскиот јазик е обновен од таа традиција старословенска и го користат тој збор.

Во македонскиот јазик има поголем број зборови кои се прифатени од турскиот, но нивното потекло не е само турско, туку може да биде и од арапско или персиско потекло. Бидејќи во македонскиот јазик се навлезени од турскиот јазик, таквите зборови се сметаат за турцизми.

-Има многу турцизми и за кои не сме свесни, продолжува Професорот Спасов. Јас самиот себе си се фаќам понекогаш со: -Еееј тој збор е турцизам. Меѓутоа ние немаме други називи.  Да речеме највообичаен збор: „кафе“. Ние го имаме во варијанта „кафе“ кое е директно туско, односно не само турско туку и арапско потекло. Зошто?  Затоа што кафето како пијалок потекнува од арапските народи и тоа е влогот во европската култура, меѓутоа во хрватсата и словенечката и некоја друга традиција  се употребува зборот „кава“. Е сега, оваа промена на „Ф“ во „В“ покажува нешто многу важно. Што покажува? Покажува до каде се дојдени Турците. Да речеме, веќе во Виена ќе биде со „В“. Зошто? Затоа што Турците влегле во Виена, ама не се задржале во Виена. На другите места каде што подолго се задржале ќе биде со „Ф“.

Турцизмите се наразделен дел од нашиот живот.

Балканската музика претставува уникатна форма на музика во Европа бидејќи е врска помеѓу Истокот и Западот. Низ историјата, балканската музика била под влијание од сите страни, медитеранска, римска, арапска, ориентална и словенска.

Најдобро влијанието на турскиот јазик може да се види во традиционалните песни кои изразуваат силни чувства и емоции. Овој вид на структура на зборови во балканските и турскиот јазик може да се разликуваат, но значењето и конотацијата на зборови се многу блиски меѓу нив.

Професорот Абдула Акат од Државниот конзерваториум на Универзитетот во Истанбул, исто така додава дека „турските изрази на силно изразени чувства кои често се сретнуваат во регионот, станале дел од традиционалните песни на различни јазици на Балканот“.

Постојат неколку академски трудови за преземени зборови од турскиот во балканските јазици. На пример, српскиот јазик позајмил околу 8.742 зборови, од кои 6.500 сè уште се користат, според трудот „Турцизми во српскохрватскиот јазик“ на Абдула Шкаљиќ.

Во српската песна „Прелетеше птице ластавице“ (Прелетаа птички ластовички), се користи зборот „дилбер“ кој значи многу убава, атрактивна жена. Зборот „дилбер“ често се користи во класичната турска литература и често се сретнува во балканските песни.

Во трудот „Турцизми во народниот говор и народното творештво на Босна и Херцеговина“ на Абдула Шкаљич пишува дека околу 9.000 турцизми се користат во босанскиот јазик.

Во босанската песна „Девојко анадолко“, може да слушнете неколку турски зборови. На пример зборовите бадем, шербет, севдах и други кои се позајмени од турскиот.

Покрај во српски и босански песни, слични турски зборови можете да слушнете и во хрватските и црногорските песни.

Делото на Оливера Настева „Турските лексички елементи во македонскиот јазик“ покажува дека македонскиот јазик има околу 4.500-5.000 турски „позајмици“.

Во македонската песна „Благуно дејче мори пожаранче“ се слушаат турските зборови во стиховите „отвори ми џам ’ли пенџер“, и „деј гиди Аце море аџамија“. Во превод би значело „отвори ми го прозорецот“ и „еј бре млад Аце“ кои се слични со турската синтакса.

Некои турколози проценуваат дека албанскиот јазик има позајмено околу 4.400 зборови. Во Речникот на современиот албански јазик впишани се околу 1.400 од нив.

Во песната „Mora mandolinën“ (Ја зедов мандолината) има неколку турски зборови. Може да ги слушнете „сокак, кајмак, мерак, чаршија“ и „вај, вај, вај“ (леле, леле, леле) изрека која често се користи во турските песни.

Според проф. Акат луѓето на Балканот можеби не се свесни дека ова се турски зборови. Како и да е, тој вели дека „според моите опсервации на терен, можам да кажам дека бројот на луѓе кои го знаат значењето на турските зборови постепено се намалува во зависност од генерациите, нивото на образование, интересите и итн. Сепак, треба да се забележи дека зголемениот интерес за учење турски јазик од институциите и турските ТВ серии може да доведе до спротивен тренд во блиска иднина“

Овие примери покажуваат дека турските зборови во традиционалните песни треба да се истражат подлабоко со оглед на тоа што турцизмите се органски дел од балканските јазици. Културната размена во јазикот не му припаѓа само на минатото туку и на сегашноста, пишува ТРТ Балкан.

– Добро е да имаме замена на тие зборови со словенски зборови, но не по секоја цена. Сепак тие зборови се дел од нашата културна традиција, додава Професорот Људмил Спасов. Да ги земеме на пример Хрватите или Србите во Војводина. Тие имаат огромен број на германизми.  Зошто, бидејќи живееле и се развивале во тоа општество. Да речеме ако кажам кај нас „шпигло“, на никој нема да му биде јасно што е тоа. Тоа е огледало од германското „шпигел“.  и така натаму.

На Википедија има список на македонски зборови од турскок потекло. Зборовите може да ги погледнете ТУКА.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *