НАЈУБАВАТА КРАЛИЦА НА СВЕТОТ ЈА ПОКАЖА ЌЕРКАТА: Ранија со наследничката во Њујорк – Иман е слика и прилика на нејзината мајка

Кралицата Ранија се појави со својата ќерка на хуманитарен настан во Њујорк.

Кралицата Ранија има четири деца со кралот Абдула Втори – принцот Хусеин, принцезата Иман, принцезата Салма и принцот Хашем. Порано позната како најубавата и најдобро облечена кралица на светот, таа сега покажа како изгледа нејзината 25-годишна ќерка Иман. Тие се појавија заедно во Њујорк на хуманитарен настан кој собра бројни познати личности, и го украдоа целото внимание.

Кралицата и принцезата ги свртеа главите во долги елегантни фустани – Иман носеше црн фустан, додека Ранија изгледаше беспрекорно во румено-жолт фустан. Иман ретко се појавува на јавни настани, а се занимава со атлетика.

Неодамна најстариот син на кралицата се сврши со ќерката на успешен бизнисмен кој дипломирал архитектура.

Кралицата Ранија од Јордан е родена на 31 декември 1970 година во Кувајт во палестинско семејство. Нејзиниот татко, Фајсал Седики Ал Јасин, бил педијатар, а нејзината мајка Илхам Јасин била домаќинка. Таа го запознала тогашниот јордански принц Абдула на една вечера во 1993 година.

Тоа беше љубов на прв поглед, а се верија два месеци по средбата. Тие се венчаа во јуни 1993 година, а Ранија зборуваше за љубовта со Абдула во едно од ретките интервјуа.

“Имаше неодолива насмевка и енергија која  привлекуваше како магнет. Што да кажам, другото е историја. Кога зборувам за нашата прва средба, приказната звучи како бајка, но реалноста е поинаква. Да се ​​биде Кралицата е всушност работа како и секоја друга“, рече таа.

Погледнете ги фотографиите на кралицата Ранија и нејзината ќерка Иман:

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *