Дали вирусите стануваат спас против ракот? Научниците: „Одговорите на третманот се многу импресивни“

Инјекциите се даваат директно во туморот – тие ги нaпaѓaaт и yништyвaaт канцерогените клетки и го активираат имунолошкиот систем

Ослабената форма на вирусот на херпес симплекс, истиот што често се појавува на усните, може да стане спас против ракот. Имено, едно испитување во рана фаза на луѓе покажало дека кај некои луѓе ракот го нема, а кај други значително е намален. Се разбира, ќе бидат потребни уште многу тестови за целосно да се потврди оваа прва оптимистичка вест, а научниците велат дека на крајот може да биде спас за луѓето со напреднат рак.

Инјекциите се даваат директно во туморот и делуваат на ракот на два начина, имено со напаѓање и уништување на канцерогените клетки и со активирање на имунолошкиот систем. Во безбедносниот тест на овој лек учествувале четириесетина пациенти, од кои некои ја примиле само таа инјекција на вирусот наречена RP2, а други го примиле и имунолошкиот антиканцероген лек Ниволумаб.

Тоа покажа дека на тројца од деветте пациенти кои примиле RP2 им се намалиле туморите, додека седум од 30-те кои примиле комбинирана терапија исто така се подобриле. Водачот на истражувањето Кевин Харингтон изјави за Би-Би-Си дека одговорите на третманот биле „многу импресивни“ кај различни напредни видови на рак, како што се ракот на хранопроводникот и реткиот рак на очите.

„Ретко е да се видат толку добри одговори во клиничките испитувања во раните фази на лекот, бидејќи нивната примарна цел е да ја тестираат безбедноста на третманот, а тие вклучуваат пациенти со многу напреднат карцином каде постоечките третмани не функционираат“, рече Харингтон.

„Научниците пред 100 години открија дека вирусите можат да помогнат во лекувањето на ракот, но беше предизвик да се користат безбедно и ефективно. Оваа нова вирусна терапија се ветува во малото рано тестирање. Сега ни требаат повеќе студии за да откриеме колку добро работи.

„Истражувањето сугерира дека комбинирањето на повеќе третмани е моќна стратегија, а терапии со помош на вируси како оваа би можеле да станат дел од нашиот пакет со алатки за да го победиме ракот“, рече др. Маријана Бејкер од Cancer Research UK.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *