Бункерот е опремен со интегриран комплексен безбедносен систем кој ве штити од можни провалници.
Швајцарскиот снабдувач на утврдени подземни резиденции Oppidum ги воведе бункерите „L’Heritage“ за луѓе кои сакаат да живеат во луксуз дури и во случај на апокалипса. Бункерите „L’Heritage“ се безбедна локација за богати поединци со богатство од повеќе од 100 милиони долари.
Бункерот е дизајниран од францускиот архитект Марк Пригент, а опфаќа и до 1.000 квадратни метри простор кој е прилагоден на секојдневниот живот и деловните активности. Има сè, од спални, бањи и кујни до конференциски сали.
L’Heritage може да се прилагоди на индивидуалните потреби и може да биде опремена со внатрешна градина, спа со базен, галерија за приватна уметничка колекција, па дури и гаража за флота од десет луксузни возила.
Се разбира, безбедноста е на прво место. Бункерот е опремен со интегриран комплексен безбедносен систем кој ве штити од потенцијални провалници. Има и фиксна безбедносна врата со биометриски читач кој истовремено ги скенира ирисот, дланката и отпечатоците од прсти, така што само вие и вашето семејство можете да влезете во бункерот.
Внатре во бункерот има и два системи за филтрирање на воздухот и индустриски генератори кои им овозможуваат на сите системи во бункерот да работат без никакви проблеми.