На видеото се слуша како Џеф со австралиски акцент вели „штом те видов помислив дека си ти“.
Неодамна на аеродромот во Сиднеј се случи трогателна сцена.
Браќата Џеф Нобс (Џоф Нобс) и Тед беа повторно обединети откако Џеф беше посвоен од семејство пред 77 години.
Џеф е роден во Обединетото Кралство, најмладиот од четирите браќа.
Кога тој имал помалку од две години, нивната мајка починала од рак. Таткото не можел да се носи со четири сина, па го дал Џеф на посвојување и ги задржал тројцата постари браќа.
Тој беше посвоен од пар кој емигрирал во Австралија во 1951 година, кога имал седум години.
Сега, по речиси осум децении, Тед се качи на авионот за Австралија. Веднаш штом се виделе, браќата цврсто се прегрнале во трогателен момент на аеродромот, каде моментот на нивното спојување бил снимен на камера.
На видеото се слуша како Џеф со австралиски акцент вели „штом те видов, помислив дека си ти“.
– Запознавањето со Џеф е прекрасно искуство, навистина неверојатно – прокоментира Тед.
Џеф додаде дека ситуацијата е многу емотивна.
Видеото од моментот на среќавање на двајцата браќа може да го погледнете ТУКА