Аргентинците имаат посебен ден за фрлање канцелариски материјал низ прозорецот, вистинска атракција

Како и обично, реакциите се страсни. Некои Аргентинци уживаат во оваа традиција и самите учествуваат во неа, но ќе ги најдете и оние на кои оваа традиција им е одбивна и ја сметаат за неред во градот.

Доколку се најдете на улиците на Буенос Аирес на новогодишната ноќ, подгответе се за следнава глетка: улици преполни со стуткани и исечени хартии кои Аргентинците ги фрлаат низ прозорецот.

И не, не се работи за вандализам, загадување на животната средина, небрежност, па дури и конфети, што би било легитимно да се размислува… Уште повеќе, штом ќе ја дознаете причината, веројатно ќе сакате да им се придружите.

Имено, работниците кои работат во разни фирми во пресрет на Новата година фрлаат низ прозорец лоша енергија и стари работи – па со нив летаат разни потсетници, канцелариски материјал, документи… Се што повеќе не е потребно и зафаќа простор.

Претпоставуваме дека работниците во градската служба за  чистење ќе имаат полни раце работа во наредните денови.

Ова ја симболизира желбата да се влезе во новата година со чист образ – односно чист ум – и подготвен за нови предизвици. Само не фрлајте ги вашите папки (па дури и вашиот лаптоп) низ прозорецот на работа денес, почекајте до Нова Година.

Видеото од тоа како изгледа оваа традиција може да го погледнете ТУКА.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *