Спиењето со КУЧЕ ИМА ТРИ ПРЕДНОСТИ: Истражувањата дадоа интересни резултати

Сопствениците на кучиња знаат колку е силна љубовта кон нивните миленици. Често ги пуштаат да спијат во ист кревет, без да размислуваат дали е добро или лошо.

Научниците истакнаа дека е добра идеја да спиете со куче во ист кревет поради неколку причини. Секако, предуслов за тоа е кучето да биде вакцинирано, а сопствениците редовно да ја одржуваат хигиената на својот крзнен пријател.

Психологот Барбара Сантини истакна дека има неколку предности да спиете покрај вашето домашно милениче.

1. Го подобрува квалитетот на сонот

Некои студии покажаа дека спиењето со куче може да го намали чувството на анксиозност, да го подобри расположението и да ја направи околината попријатна и опуштена. Луѓето кои имаат куче имаат поголема веројатност полесно да заспијат и имаат помалку проблеми со несоница.

– Спиењето со домашни миленици го стимулира производството и ослободувањето на повеќе окситоцин. Кога нивото на окситоцин ни е високо, поверојатно е дека ќе доживееме целосна релаксација на телото – верува Барбара и додава:

– Ова ги стимулира тета мозочните бранови и му помага на нашиот ум да формира спомени и да ја зголеми креативноста.

2. Зајакнување на имунитетот

– Домашните миленици ја поттикнуваат различноста на микроорганизмите во куќата, а истражувањата покажуваат дека вашиот имунолошки систем се зајакнува кога е изложен на различни микроорганизми – објаснила Барбара.

Некои истражувања покажаа дека домашните миленици можат да помогнат во намалување на крвниот притисок.

3. Почист дом

Иако на прв поглед не изгледа така, луѓето кои го делат својот дом со куче ја менуваат постелнината и поредовно ја чистат куќата.

– Девет од десет од нас ја перат постелнината на секои две недели, но тоа не е доволно хигиенско и нема да ги задржи алергените во текот на летото – започна објаснувањето на Барбара, а потоа продолжи:

– Домашните миленици даваат дополнителна причина да ја одржувате куќата во ред, па така спиењето со нив и менувањето на постелнината на секои неколку дена на топла програма ќе спречи таложење на прашина во влакната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *