Српскиот претседател Александар Вучиќ беше еден од говорниците на Генералното собрание на Обединетите нации. Говорот беше на англиски јазик, а Вучиќ го заврши со „Да живее Србија“, по што симултаниот преведувач се насмеа.
Видеото од смеењето на преведувачот веднаш се појави на социјалните мрежи и почна да кружи низ регионот.
Prevodilac nije mogao da izdrži pic.twitter.com/Lszou9tdFJ
— Mijat (@MijatMinja) September 21, 2022
На смеата на преведувачот набрзо реагираше и самиот Вучиќ.
-Целиот свет извикуваше „Слава на Украина“, но „Да живее Србија“ за некои е срам… Некои (политички) противници се потсмеваа, се срамат што се од Србија, а јас не се срамам.
Претседателот Зеленски може да каже „Слава на Украина“, не гледам проблем да каже „Да живее Србија“ – рече Вучиќ.
– Со својот говор страсно и аргументирано го бранев ставот на мојата земја. На сите им покажавме дека не сме грст овес што секој може да го јаде – рече српскиот претседател.