Европејците се собираат во продавниците за печки и камини, но не сите се подеднакво обучени како да ги користат, што може да доведе до опасност
Зголемените цени на енергијата во Европа ги принудија жителите да се вратат на постарите, класични методи на греење, како што се јагленот и огревното дрво.
„Market Insider“ потсетува дека цените на енергијата вртоглаво пораснаа по руската инвазија на Украина, а со доаѓањето на зимата, Европа се соочува со тешка реалност – дури се можни и рестрикции, а огревното дрво може да биде „новото злато“.
Тука се појавува нов проблем, бидејќи додека Европејците се собираат во продавниците за печки и камини, не сите се подеднакво обучени како да ги користат, што може да доведе до опасност. Друг соговорник на Вашингтон пост вели дека тоа дури може да доведе до голем број смртни случаи оваа зима.
Весникот посочува дека по инвазијата цените на енергијата во некои делови на Европа пораснале и до илјада проценти. ЕУ се обидува да ја смири ситуацијата и да ги наполни складиштата за нафта и гас. Аналитичарите предвидуваат дека инфлацијата и недостигот на енергија ќе ја зголемат сиромаштијата во Европа.
Шефот на германската енергетска регулаторна агенција Клаус Мулер накратко рече дека сето тоа е дел од планот на Путин и дека тоа е „цената на оваа војна“.