„Сè во мојот живот ѝ должам на неа. Таа е исклучителна и силна жена“, изјави еднаш тој
Холивудскиот актер Кристијан Бејл изгледаше многу елегантно во црн костум додека одеше по црвениот тепих со својата четири години помлада сопруга Сиби Блажиќ, поранешна манекенка со српски корени. Парот, кој е во брак 22 години, се појави на премиерата на неговиот нов филм „Амстердам во Лондон“, а држејќи се за рака изгледаа многу вљубено.
Познатиот оскаровец и неговата сакана биле модерно координирани, и двајцата избирале црни тоалети. Сиби избра тесен, црн фустан со проѕирни ракави, а аутфитот го подигна со штикли и црвена чанта.
Приказната за нивната средба е исто така многу интересна. Семејството на Сандра Сиби Блажиќ емигрирало во Америка од Југославија кон крајот на 60-тите. Слободан Блажиќ и Недежда Топалски ја добија ќерката Сандра, чие вистинско име е Србослава, во Чикаго во 1970 година, а на крајот од своето образование дипломирала менаџмент.
Бејл, кој е роден во Велс, подоцна пристигнал во Америка. Таму дошол со својот татко Дејвид Бејл по разводот од неговата мајка Џени. Тие двајца дошле во Лос Анџелес, а таткото сакал неговиот син да стане холивудска ѕвезда.
Неговиот татко наводно бил голем манипулатор, па Кристијан поради него изгубил контакт со мајка си и сестрите. По смртта на татко му, сфатил дека потрошил поголем дел од заработените пари, а Бејл ја изгубил вербата во љубовта и бракот и заклучил дека никогаш нема да се ожени.
За среќа ја запознал Сандра Сиби Блажиќ, која го променила неговиот поглед на љубовта. Кога Бејл пристигна во Холивуд, актерката Винона Рајдер стана негов ментор. Тој се обидел да ја заведе, но таа го одбила. А потоа, на крајот на 90-тите, на една забава ја запознал Сандра Блажиќ. Веднаш се заљубиле, а во 2000 година се венчале во Лас Вегас.
За време на нивниот 22-годишен брак, тие имаат две деца, ќерката Емелин и синот Џозеф. Поради љубовта тој се скарал со мајка си и сестра си Шерон, а причина за тоа наводно било тоа што тие лошо му зборувале за Сиба.
„Нејзе ѝ должам сè во мојот живот. Таа е исклучителна и силна жена“, рекол актерот во една прилика за својата сакана сопруга, чие семејство исто така го цени и сака. Тој инсистираше неговите деца да го научат дури и српскиот јазик, а секој Велигден може да се видат заедно во црквата Свети Илија во Лос Анџелес.